Познатата актерка повторно ги шокираше сите
Анџелина во последно време постојано е на удар на медиумите, но и јавноста заради својот преслаб изглед.
Иако често беше прогласувана за најубава жена на светот, во последно време се почесто читаме вести поврзани со неа во кои ја критикуваат дека тежи само 40 килограми, а посебната исхрана и вежбањето не и помага многу да се поправи. Таа самата неколку пати има спомнато дека ослабнала заради стресните ситуации низ кои минува во приватниот живот, особено по разводот со Бред Пит и борбата за старателството над децата, но нејзиниот начин на исхрана кој се појави во јавноста шокираше многумина.
Покрај тоа што јаде супи, варива и житарки, Анџелина за појадок ќе изеде само една лажичка маслиново масло (евентуални со житарки), за ручек ќе испие протеински шејк, малку бадеми и гумени бонбони, а за вечера тенко исечено месо со чаша добро вино.
Бидејќи секојдневно тренира јога и кик-бокс, па троши многу енергија, не треба воопшто да не чуди што изгледа толку слабо, велат нутриционистите. Таа со ваквиот вид на исхрана изгубила минимум 15 килограми, и сега со нејзините 170 сантиметри височина за многумина изгледа преслабо.
Нејзината диета која како што тврди познатиот магазин „Мари Клер“ се состои од рака јаткасти плодови и семки, како и мешавина од киноја, просо, чија семки и хељда која што, како што и самата има кажано, обожава да ја јаде.
„Анџелина отсекогаш сакала да јаде семки и житарки, но сега нејзината исхрана ја подигна на потполно ново ниво“, изјави извор пред неколку години за еден странски магазин, додавајќи дека токму благодарение на житарките на познатата актерка и кожата и е посјајна.
Според истиот извор Анџелина во тоа време наводно внесувала само 600 калории дневно започнувајќи го денот со лажичка кокосово масло и една рака семки. Понекогаш би го скокнала ручекот, или би изела само една рака бадеми или гумени бонбони, вели истиот извор.
.