Поради ова го избегнува цела естрада: На Дарко Лазиќ сите му свртеа грб освен кумата
Поради ова го избегнува цела естрада: На Дарко Лазиќ сите му свртеа грб освен кумата Андреана Чекиќ.
На Дарко Лазиќ многу колеги и пријатели наводно му свртеа грб зошто тој, според пишувањето на медиумите, воопшто не му дошол паметот и повторно си игра со судбината. После проблемите со законот, тој сега се соочува со нови непријатности, зошто нема ничија поддршка освен од кумата.
„Дарко е сам виновен што никој повеќе не сака да биде со него во другарски односи. Колегите кои му се нашле после неговата страотна несреќа многу се разочарани, зошто тој никому не му јавува на телефон, тука само тој се јавува кога му треба нешто.
Tоа е една од причините, а другата е што сметаат дека не се смирил и се уште си игра со судбината и со животот, вели извор.
„Ќе ви дадам прост пример со Џани, ако некој трчаше и беше тука за Дарко тоа беа Џани и Слаѓана. Постојано го бранеше, му позајмуваше пари, го поддржуваше, го гледаше како син, а сега кога на Џани му се случи ова со притворот, ниту порака не му пушти. Исто така беше и со Милица Павловиќ која јавно се пожали дека му е лута на колегата зошто му се јавува повеќе пати, и му праќа пораки прашувајќи како е, а тој не и одговара. Да не набројувам кој се се жалеше од него. Затоа и никој повеќе не сака да се слуша со него, ниту некого го интересираат неговите проблеми и глупостите кои ги прави“, вели извор и додава:
– И Дарко сфати дека колегите го избегнуваат, но се прави дека не знае, па уште и вели дека не сака со никого да контактира“.