Реклама
Вирално

Поради короната ѝ направија трансплантација на двете белодробни крила: Вака изгледа нејзината борба, се заразила иако ги почитувала сите мерки

Реклама

Мајра Рамирез, 28-годишна Американка која се опорави од коронавирусот и двојната трансплантација на белите дробови порачува дека овој вирус воопшто не е безопасен, како што некои претпоставуваат.

Пред да биде заразена од коронавирус вели дека ги преземала сите заштитни мерки. Завршила на ургентното одделение во болницата во Чикаго, а после тоа на интензивна нега и на крајот морала на операција за пресадување на белите дробови.

Маркетинг

Недели после операцијата и пресадувувањето се уште се бори со своите кошмари, моторички и когнитивни проблеми, но и со другите последици од заболувањето.

Маркетинг

– Работев од дома. Не излегував никаде и ги преземав сите превентивни мерки. Дури ни кучето не го носев на прошетка. На ургентното одделение отидов на 26 април. Се се одигра многу брзо. Ми ги измерија виталните параметри. Нивото на кислород беше многу ниско. Ме брзаа да се пресоблечам за само 10 минути. Имав само неколку минути да го контактирам семејството, да ги известам дека ќе ме интурбираат. Ми рекоа да си одредам одговорно лице, кое за мене ќе носи медицински одлука. За тоа ја определив мајка ми и постарата сестра. После тоа, се сеќавам само на тоа дека ме успија, додека ме интубираа, а потоа следуваа шест месеци кошмар. Тешко беше да се види што е реалност, што навистина се случило. Во некои ноќни кошмари многу сонував гушење. Тоа ќе го припишам на тоа што не можев да дишам, што се борев за здив. За тоа време, на шпански зборот вентилатор значи фен, па не ја сфаќав тежината на ситуацијата, рече Рамирез во изјавата за Си Ен Ен.

Д-р Анкит Бхарат кој ја лекуваше во болницата во Чикаго рече дека Мајра без трансплантација на белите дробови веројатно би починала. Еден од видливите ефекти од оваа операција е што во деновите потоа, почнале да и се опоравуваат сите органи кои беа погодени од последиците на вирусното заболување и кои дошле до фаза пред откажување.

Рамирез сега е првата позната Американка која поминала низ процедурата на трансплантација по борбата со коронавирусот, се наведува во соопштението за јавноста од Нортвестерн Медисин.

Поминаа речиси два месеци од операцијата и таа се опоравува од дома. Вели дека се уште е слаба и дека тешко дише.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button