Поради долниот дел од фустанот мажите не престанаа да се потат – пред година беше чистачка, а денес е позната плус-сајз манекенка!
Познатиот плус-сајз бикини модел Табрија Мејџорс неодамна изјави дека во ова време минатата година работела како чистачка.
Таа сега гради успешна кариера како модел, а каде и да се појави подига прашина! Така беше и на журката што ја организираше „Sports Illustrated“ на која што Табрија се појави во најпровокативното издание досега.
Познатата плус-сајз манекенка за овој настан избра секси црвен фустан кој не остава ништо на фантазијата. Длабокото деколте ги истакна нејзините гради, а долниот дел од фустанот е дури и попровокативен.
Проѕирниот дел од тантела ја откри нејзината бујна позадина и црвените танги со кои дополнително ја запали атмосферата.
И останатите дами таа вечер беа облечени провокативно, но Табрија со нејзиниот црвен фустан дефинитивно беше без конкуренција.