Популарниот виолинист СЛАВЕШЕ РОДЕНДЕН: Погледнете колку години наполни – еве со кој го прослави
Еден од најдобрите виолинисти во земјава славеше роденден, а на Инстаграм покажа и колку години наполни.
Иле дуваше свеќички заедно со неговите најсакани, сопругата и синот.
Илија Филиповски или во јавноста познат како Иле Маестро е вистински виртуоз на виолина и во моментов најдобар виолинист во земјава.
Оние кои го познаваат за него велат дека е исклучително добро воспитано момче, добар пријател и професионален музичар.
Веќе три години тој е дел од ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ .
Освен со „Танец“ Илија е настапува и со групата „Маестро“.
Вистинско уживање е да се слушаат „Маестро“ во живо.
Иле многу ретко зборува за својот приватен живот и ретко и гостува по македонските емисии.
Публиката нешто повеќе може да дознае од неговите објави на социјалните мрежи.
Илија е во брак со неговата избраничка Анастасија.
Нивно најголемо богатство е нивниот син Марко.
Марко веќе една година ги разубавува животите на Анастасија и Иле.
Во нивниот дом сега имаше нова причина за славење. Имено, популарниот виолинист славеше роденден.
Според свеќичките на неговата торта, тој наполни 32 години, а роденденот го прослави со своие најсакани.
Сопругата и јавно му го честиташе роденденот, објавувајќи нивна заедничка фотографија.
„Среќен роденден љубов моја“, напиша таа.
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски