Реклама
Наши ѕвезди

Поповиќ ги „шокираше“ сите во „Ѕвездите на Гранд“ – велешанецот Мики ова нема да му го заборави

„Немам срце никого да исфрлам бидејќи сите беа добри“

Реклама

Ова никој не го очекуваше

И додека во текот на емисијата претставниците на жирито имаа навистина тешка задача да одлучат кој е подобар и да гласаат, на крајот од полуфиналето сепак најтешката одлука требаше да ја донесе креативниот директор на „Гранд“, Саша Поповиќ.

Имено, претходната сабота беше полуфиналето на „Ѕвездите на Гранд“ кога сите оние што стигнаа до овој дел од шоуто храбро се бореа за да поминат во спектакуларното финале што ќе биде на 8 јуни.

Маркетинг

И додека еден дел од учесниците директно се пласираше во финалето, на крајот од емисијата требаше да одлучи креативниот директор Саша Поповиќ кој од останатите ќе помине, а кој не.

Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Меѓу овие кандидати кои не се пласираа директно беа и Мики Секуловски и Мелиса Зијадиќ, кои и покрај тоа што беа феноменални во претходните настапи, на крајот завршија во баражот, заедно со уште неколкумина други од кои Поповиќ требаше да исфрли четворица.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Но Поповиќ во последен момент одлучи сите да поминат и направи преседан каков досега не се случи во „Ѕвездите на Гранд“.

„Кога толку издржаа гледачите нека одлучат кого сакаат, а кого не сакаат и кој ќе биде победник! Немам срце никого да исфрлам бидејќи сите беа добри“, истакна Поповиќ тогаш и ги изненади сите, а посебно оние што во тој момент дознаа дека остануваат во игра и дека ги чека финалето.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тројца финалисти од Македонија

Инаку, овој пат во финалето нема да има ниту еден натпреварувач од Црна Гора, додека од Македонија ќе бидат тројца.

Од Србија во финалето останаа пет натпреварувачи, од Хрватска двајца, додека Босна доминира со девет финалисти.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Интересно е и тоа што годинава во финалето ќе има и пејач од Бугарија, Јанко Јанков кој кога слушна дека поминува, се расплака на сцената.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, минатата година во спектакуларното финале победата ја однесе Македонката Славица Ангелова од тимот на Ѓорѓе Давид, а дали некој од Македонија повторно ќе триумфира ќе видиме во сабота кога публиката ќе може да гласа за своите фаворити.

Бонус видео

Најсреќниот момент во полуфиналето

Моментот што ниту Мики, ниту пак неговата колешка од Македонија, Мелиса Зијадиќ нема никогаш да го заборават.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button