Реклама
Холивуд

Поплавата му уништи се – Вака изгледа имотот на Џорџ Клуни пред и после големиот потоп

Реклама
Имотот на Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал кој се наоѓа во Беркшир речиси целосно е поплавен.Го поплави реката Темза по обилните дождови во текот на бурата Денис, која го погоди Обединетото Кралство.

Фотографиите од овој имот од 17. век пред и после поплавата се шокантни. На нив се гледа дека тенискиот терен кој се наоѓа во склоп на имотот целосно е под вода, како и верандата на луксузниот летниковец на Клуни.

Најголем дел од имотот е под вода, но ова не е првпат да се случи ваква непогода.

Маркетинг

Клуни и неговата сопруга се преселија ваму во 2016 година откако имотот по цели 18 месеци е реновиран, зошто претходно исто така беше поплавен.

Маркетинг

Славната двојка, која доби близнаци во јуни 2017 година, ја купи оваа куќа за непозната сума на пари, кога летниковецот во септември 2014 година се најде на пазарот по цена од речиси 9 милиони евра.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button