Огласи
Наши ѕвезди

Помина година дена од смртта на нашиот познат пејач – прерано замина, големата болка не минува (фото)

Пејачот зад себе остави малолетен син

advertisement

Помина година дена од прераната смрт на нашиот пејач и композитор Далибор Ѓошиќ Даки кој почина на 41-годишна возраст.

Неговата прерана смрт ги потресе сите, а најмногу најблиските кои се уште се во голема болка заради преголемата загуба.

На неговиот погреб дојдоа голем број колеги како од естрадата, така и од Танец каде Даки работеше со години.

реклама

Принтскрин/ Јутјуб

Пејачот зад себе остави малолетен син, но и голем број песни кои ќе останат да сведочат за неговата музичка големина.

Марpкетинг
Принтскрин/ Јутјуб

Потсетуваме, Далибор почина на 10 октомври 2023 година, на 41 годишна возраст, по кратко и тешко боледување.

Принтскрин/ Јутјуб

Тој со ансамблот „Танец“ настапуваше низ целата земја, но и во странство, и важеше за еден од најдобрите солисти.

Принтскрин/ Јутјуб

Ќе остане запаметен по неговите песни „Животе мој“, „Плачи, плачи“, „За љубов створени“, „Око мое бисерно“, а ќе останат незаборавни и неговите изведби на познатите македонски народни песни „Дејгиди, луди, млади години“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Кирјана вино продава“, „Јовано, Јованке“ и многу други кои овој наш извонреден пејач ги изведуваше на маестрален начин.

Некои од нив слушнете во продолжение…

 

epp

advert
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button