Полн е како брод, а погледнете што вози – ќе се изненадите од новиот АВТОМОБИЛ на најдобриот тенисер на светот (фото)
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ Велигденските празници ги помина со семејството во Србија.
Светски познатиот тенисер Велики петок го помина на мистичната српска планина Р’тањ каде по втор пат во една година се искачи до самиот врв, а потоа за Велигден заедно со сопругата и децата ја испочитува традицијата.
Но тој за време на празниците се пофали и со својата нова „играчка“ на која и се радуваше како „мало дете“. Во прашање е нов автомобил што го доби од еден од своите спонзори кои се со него од почетоците на неговата кариера.
Во прашање е гигант од француската индустрија Пежо, кој во Белград му го подари новиот модел, гордоста на нивната фабрика Е 208 – електричен модел, кој во 2020 беше прогласен за автомобил на годината на саемот во Женева, пренесе српскиот „Телеграф“. Автомобилот што го доби како подарок е во склад со неговите идеи и животни ставови, поврзани пред се со зачувување на животната средна.
Ѓоковиќ кога е во странство, користи електричен автомобил „Тесла Икс“, а сега и кога е во своето родно место има автомобил што не троши фосилни горива.
Имаат и нов семеен дом
Пред неколку недели медиумите пишуваа дека Новак и Јелена Ѓоковиќ ја купиле куќата од српската дизајнерка дизајнерка Елена Кариќ за 2 милиони евра. Во оваа куќа Елена живееше додека беше во брачна заедница со Југослав Кариќ, но по разводот реши да ја продаде.
„Космај е мојот сон кој во рекордни 10 месеци го направив реалност. Хектар овошје засаден е во 2016 година по биодинамичкиот календар на Марија Тун, во време кога Месечината е во најдобра положба. Во фаза сме на подготовка на пластеници за зеленчук со кои за почеток ќе го снабдуваме нашето домаќинство и кафетеријата.“
„Размислуваме сосем да се преселиме тука бидејќи се помалку имаме што да бараме во градот. Постои некоја магија која трепери со оваа планина, а која што ја чувствувам, во која се пронаоѓам и која во мене трепери. Сé ми е некако познато. Ова е нашата база во која се собираме со пријателите, се дружиме едни со други и со природата, добиваме идеи кои ја поттикнуваат нашата креативност“, изјави во јануари 2017 за „Стори“ Елена Караман Кариќ.
Фото: Инстаграм/ Елена Караман Кариќ
Фото: Инстаграм/ Елена Караман Кариќ
Фото: Инстаграм/ Елена Караман Кариќ
Фото: Инстаграм/ Елена Караман Кариќ
Фото: Инстаграм/ Елена Караман Кариќ
Фото: Инстаграм/ Елена Караман Кариќ
Фото: Инстаграм/ Елена Караман Кариќ