Еден од најпознатите трендови на Инстаграм
И додека во изминатите пролетни сезони девојките на Инстаграм се натпреваруваа која ќе освои повеќе лајкови со своите сандали со високи потпетици или гладијаторки, оваа година ситуацијата е потполно различна.
Имено, оваа пролет голем хит се патиките кои девојките сега ги носат со најразлични парчиња облека, а не ретко можеме да ги видиме како ги „фураат“ и со класични костуми.
Во прашање се сите модели на патики кои за шик моден изглед најчесто ги комбинираат со различни кроеви на фустани.
Во мода се сите модели – од оние кои се украсени со цветни дезени, до класичните бели модели, од робусните „грди“, до култните старки. Во продолжение погледнете како овие дами ги носат своите омилени патики и побарајте некоја интересна пролетна комбинација и за вас.