Реклама
Наши ѕвезди

Познатиот Турчин има потекло од Македонија – жените го обожаваат, а се шушкаше дека е хомосексуалец

Тој е еден од најпознатите турски актери

Реклама

Познатиот Турчин има корени и од Македонија

Шармантниот турски актер Џан Јаман (34) се прослави со турските серии, а со улогата во „Романтичарот“ стана познат и кај нас.

Но она што малкумина го знаат за овој маркантен турски актер е дека тој има потекло од Македонија, односно неговата баба потекнува од нашата земја, додека неговиот дедо бил имигрант од Косово.

Маркетинг

Покрај тоа што е познат во Турција, тој откако се пресели во Италија многу често за него пишуваат и тамошните медиуми.

Маркетинг
Инстаграм/ Џан Јаман

Беше познат и по неговата врска со спортската новинарка Дилета Лота. Тие беа заедно во 2020 година, но по неколку месеци раскинаа.

Инстаграм/ Џан Јаман

За Џан едно време се шушкаше и дека го привлекуваат мажи, но овие вести останаа само во доменот на шпекулации.

Имено, многумина се сомневаат дека неговите врски со познати убавици се само параван и дека всушност сака мажи.

Овие приказни не се потврдени, а Џан во една пригода изјави дека не сака жени што се однесуваат како мажи како и оние што се премногу гласни. Него го привлекуваат весели жени што зрачат со енергија, а некои од специјалните „желби“ му се мирисот и бојата на гласот.

Инстаграм/ Џан Јаман

Тој во една пригода откри и зошто нема девојка: „Немам доволно време на некоја да и се посветам потполно“…

Инстаграм/ Џан Јаман

Инаку, познатиот турски актер деновиве беше на одмор на грчкиот остров Миконос кој е познат по бурниот ноќен живот.

Островот е популарна дестинација и за геј популацијата, а од фотографиите што испливаа на социјалните мрежи многумина забележаа дека Џан не е со популарната 32 годишна актерка и модел Демет Оздемир со која според турските медиуми е во врска од минатата година.

Актерот на Миконос најверојатно пристигнал сам, а друштво му прават згодни и млади телохранителки што ги ангажирал.

Инстаграм/ Џан Јаман

Многумина забележаа и дека Џан никогаш не изгледа подобро, а неговото тело со мускули никого не остави рамнодушен.

Инстаграм/ Џан Јаман

Не може да глуми хомосексуалец

Што се однесува до неговиот емотивен живот, тој во една пригода изјави дека не може да глуми хомосексуалец.

Како што самиот појасни тогаш за турскиот весник Хариет, не може да глуми геј маж затоа што избира ликови што одговараат на неговиот внатрешен свет, истакнувајќи дека не е хомофоб.

Инстаграм/ Џан Јаман

Како што истакна самиот досега избирал ликови кои имаат паралела со неговиот внатрешен свет и во кои може да се препознае.

„Во таа смисла, јас не можам да прикажам таков лик“, изјави Џан тогаш.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button