Познатиот турски заводник одлично се снаоѓа во улога на татко
Неодамна Бурак Озџивит, еден од најпознатите турски актери, стана татко, а сега по прв пат покажа како ужива со својот син Каран.
Новопечениот татко Бурак Озџивит, кој важи за еден од најпознатите турски актери, сега за прв пат покажа како ужива со својот син Каран.
Тој одлично се снаоѓа во новата улога, а нивната заедничка фотографија ги воодушеви нивните фанови на социјалните мрежи. Имено, на неа се гледа само рацете на сопругот и синот на убавата Фахрије Евџен, со стегнати тупаници во идентична позиција.
Бурак под фотографијата напиша само Син, и со истата доби речиси еден милион лајкови од неговите обожаватели.
Малиот Каран исто така има свој профил на Инстаграм, за кој многумина ги критикуваа неговите родители.
Но тие се уште немаат објавено ниту една негова фотографија, а како што вели Бурак, му го отвориле профилот на оваа социјална мрежа за да го заштитат својот син од лажни профили со неговото име.