Познатиот пејач си доби бакнеж од сопругата пред сите – романтичен момент што ќе ви го разубави денот
Спасен покажа колку ја сака својата сопруга, но и таа него
Објава што ги воодушеви сите
Познатиот пејач на народна музика, Спасен Силјаноски, и неговата сопруга Ана уживаат во секој момент што ќе го поминат заедно.
Впрочем за тоа зборуваат и нивните заеднички објави со кои пејачот одвреме-навреме знае да ја израдува своите верна публика.
Тој сега објави снимка од една веселба, на која е со својата сакана, која што ја држи за раката и играат заедно.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Во еден момент тој и се доближи со лицето, па си доби бакнеж од својата понежна половина, што дополнително го расположи, додека романтичната глетка што покажува колку се сакаат, ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Потсетуваме Спасен и Ана се во брак десетина години, а куна на нивната љубов се нивните две деца, Арсениј и Мила.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Пејачот во една пригода со солзи на очите отворено зборуваше за проблемите низ кои што поминувале заради нивната наследничка, која како мала била сериозно болна, но која успеала да се избори со болеста. Повеќе за ова прочитајте тука...