Познатиот македонски пејач е богат човек – тие му се НАЈГОЛЕМОТО БОГАТСТВО, ужива кога е со нив!
Ѓоко објави семејни фотографии со кои сите ги разнежни – пејачот не ја трга насмевката од лицето

Е ова е љубов…
Познатиот македонски пејач Ѓоко Јовиќ и неговата понежна половина Ивана се родители на четири деца.
Тие уживаат во нивниот семеен живот, а моментално се на одмор, каде пејачот ги полни батериите за настапите што го чекаат.
Ѓоко во рамките на своите Инстаграм приказни објави неколку фотографии од хотелот во кој се сместени и ги воодушеви сите.

Тој покажа како ужива со своите најмили, но објави и една фотографија на која танцува со својата поубава половина.
Ивана изгледа прекрасно во кусиот фустан што го носи и ужива во моментот додека нејзиниот сопруг ја бакнува во образот.

Романтичната фотографија е објавена со музиката од неговата песна „Една и единствена“ што дополнително ги воодушеви сите.

Покрај оваа фотографија, Ѓоко објави фотографија и од своите насмеани дечиња кои уживаат во своите водени лудории во базенот.

Потсетуваме, Ѓоко и Ивана имаат четири деца, Теодора, Михаил, Јоан и Дарин кои се нивното најголемо богатство.

„Јас сум богат човек, децата се најголемото богатство. Уживаме кога сме сите дома заедно, и многу ни е весело“, многу пати досега има изјавено познатиот пејач кој не крие дека ужива во бракот со Ивана.

Впрочем пејачот тоа многупати го има покажано и на дело, посебно кога на својата сакана и купи скапоцен подарок.

„Љубов моја !! Со многу здравје, мир, љубов и Благослов да си ја возиш новата кола. Бог да те чува на сите патишта. По 4 дечиња и 15 години што ме “трпиш” редно е и јас да почестам“ напиша тогаш Јовиќ под фотографијата на која неговата сопруга влегува во нејзиниот нов скапоцен автомобил.
Како пејачот ужива во својата улога на татко, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ