Познатиот македонски водител и кажа „ДА“ на Ивана – НЕВЕСТАТА БЛЕСКАШЕ како во холивудските филмови
Холивудска свадба на македонски начин
Нашиот познат водител се ожени
Познатиот водител Миро Кацарски и неговата сакана Ивана направија голема свадбена журка која ќе се памети.
Откако пред месец дена го изговорија судбоносното „ДА“ и се венчаа во матичното и црква, сега направија и голема прослава.
И ако судиме според фотографиите што „испливаа“ на социјалните мрежи сé беше испланирано до најситен детаљ така што свадбата навистина беше како во холивудските филмови.
Фото: Инстаграм
Ивана блескаше во светкавата венчаница со длабоко деколте и шлиц кој ја истакна нејзината убава линија, а Миро избра бело сако со црни детали, класични црни панталони и пеперутка машна во црна боја, додека на лицето носеше темни очила за сонце.
Фото: Инстаграм
Кога се појавија пред гостите, со необичен танц, сите ги дочекаа со воодушевување, а невестата и младоженецот за целото време играа и не ги тргаа насмевките од лицата.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Тие на социјалните мрежи покажаа и како изгледа апартманот за младенците, како и брачниот кревет покриен со ружи.
Фото: Инстаграм
Интересно беше и тоа што на прославата и додадоа и хумана нота. Имено, на влезот во дискотеката беше поставена кутија во која што гостите можеа да донираат пари за деца од ранливи категории.
Фото: Инстаграм
Младенците беа воодушевени и кога на сцената се појави реперот Слаткар и ја запеа неговата позната „свадбена“ песна.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Покрај Слаткар гостите ги забавуваа и многу други музичари, а посебен момент беше кога микрофонот го зеде Миле Кузмановски.
Фото: Инстаграм
Свадбената журка се случи во една позната дискотека во Штип, а судејќи според фотографиите сé беше испланирано до последен детаљ.
Фото: Инстаграм
Меѓу гостите имаше многу познати имиња од светот на шоубизнисот, а меѓу највеселите беше колешката на Миро, Лила Филиповска.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Таа блескаше во розов фустан во кој изгледаше како Барбика, а повеќе за ова нејзино издание прочитајте тука…