Познатиот водител ги спакува куферите и „заминува“ од Македонија – ПОГЛЕДНЕТЕ која позната дама ќе патува со него!
Конечно патување!
Ване Марковски заедно со својата пријателка и колешка Милена Антовска Станковска вчера вечерта заминаа за Турција.
Ване на социјалните мрежи не заборави да спомене колку многу сака да патува, но како и многумина и тој немаше можност да го направи тоа поради пандемијата. Но сега конечно му се оствари оваа желба, па Ване сподели слики со спакуваните куфери и под нив на социјалните мрежи напиша: „Ќе се патува годинава, време е!“
Тој на ова патување заминува заедно со својата пријателка и колешка од Канал 5 телевизија, Милена Антовска Станковска.
„Детски радости, после две години“ напиша тој под сликата, а според објаснувањето, Ване ќе патува во Анталија, Турција.
Но покрај нив во ситиот авион беа и многу други познати фаци од нашата земја, а меѓу нив и Лила Филиповска.
На Инстаграм и колешката на Ване, Милена, не заборави да сподели колку е среќна што заминува на ова патување,
Милена во рамките на своите „Инстаграм приказни“ објави заедничко видео на кое со автомобилот на нејзиниот колега одат кон скопскиот аеродром од каде ќе полетаат за Турција, а со неа е и нејзината мала наследничка Лана Марија.
Фото: Инстаграм/ Ване Маркоски
Фото: Инстаграм/ Ване Маркоски
„Конечноо патување:)“ напиша Милена под фотографијата.
Ване објави фотографија и од слетувањето во Истанбул, но и едно видео на кое ужива додека го пие утринското кафенце.
Еве како изгледа хотелот во кој се сместени…
А еве што напипа тој пред полетување:
„Не случајно рекле внимавај што посакуваш. Годинава, после се со пандемијава, решив да мислам и посакувам само фини и убави работи. Едно од желбите ми беше да се ставам во авион и да летнам било каде, после цели 3 години и ете бидна тоа. Верувате во исполнување на желби? Јас силно да!“
Па од се срце му посакуваме да си помине убаво заедно со своите колеги и колешки на ова прекрасно место.