ПОЗНАТИОТ АКТЕР ОБЈАВИ ТРАГИЧНА ВЕСТ: Почина неговата ќерка, тагата неизмерна

Актерот Тор Бјорнсон ја објави веста за смртта на својата ќерка
Ѕвездата на „Игра на тронови“, Тор Бјорнсон ја сподели тажната вест дека тој и неговата сопруга Келси Хенсон го изгубиле своето бебе.

– Со голема тага го објавуваме раѓањето на нашата ќерка. По значително намалување на движењето, откривме дека нејзиното срце престанало да чука.
Зборовите не можат да ја опишат болката од оваа загуба, но и нашата среќа што можевме да поминеме малку време со неа.

Љубовта што ја чувствуваме кон неа е огромна. Тагата што ја чувствуваме ќе биде со нас засекогаш, но и љубовта – напиша Тор, познат по улогата на Планина во мегапопуларната серија.
Актерот побара приватност и разбирање во овие тешки моменти, додека ја преболува неподносливата загуба.
– Сите надежи и соништа за неа ни се одземени, но знам дека повторно ќе бидам со неа. Нејзиниот дух живее преку нас и нејзините браќа и сестри“, напиша Тор.




