Познатиот актер на најтажниот можен начин сподели дека неговата тригодишна ќеркичка си замина кај ангелите
Нејзиното креветче е празно. Остана само тишината…

Тригодишната ќерка на актерот Мигел Сервантес, Аделаида Грејс, ја изгуби битката со тешката болест. Тажната вест ја сподели неговата сопруга Кели со црно-бела фотографија што ја објави преку социјалните мрежи.
„Апаратите не работат. Нејзиното креветче е празно. Само тишина. Аделаида не напушти во неделата. Си замина во мир, во моите раце, опкружена со љубов. Конечно се ослободи од болка и нападите, но нашите срца се скршени. Неописливо ја сакаме и ќе ја сакаме засекогаш“ – напиша тажната мајка, а потоа и Сервантес ја сподели објавата.

Веста ја сподели преку Инстаграм и тоа со црна бела фотографија на која се гледа празното креветче на кое лежеше нивната ќерка
Малата Аделаида се бореше со напади на епилепсија од седмиот месец, а имаше и неуродегеративно пореметување. Детали од борбата со болеста нејзината мајка редовно ги објавуваше на својот блог „Inchstones“.

Мигел на почетокот од октомври објави фотографија на која неговата тригодишна ќерка и седумгодишниот син оставаат отпечаток во калап додека се држат за рацете.
„Направивме калап од синот и ќерката како се држат за рацете. Тоа најверојатно е најубавата работа која некогаш сум ја видел“, напиша актерот тогаш.

По објавата на тажната вест, многумина и пружија поддршка и посакаа што побрзо да се изборат со болката и тагата.