Познатиот актер 18 години по несреќата во која неговата најголема љубов трагично го изгуби животот, повторно е во врска?
Повеќе пати има истакнато дека Џенифер беше љубовта на неговиот живот и дека по неа тешко дека ќе најде друга
Актерката Џенифер Сајм загина во 2001 година во страшна сообраќајна несреќа кога имаше само 28 години, а беше најголема љубов на Кијану.
Џенифер и Кијану Ривс пред несреќата чекаа девојче, Ава, но тоа за жал беше мртвороденче.
„Тагата го менува обликот, но никогаш не исчезнува. Луѓето погрешно веруваат дека можете еден ден, по борбата, да кажете дека тагата исчезнала и дека ќе се чувствувате подобро. Но тука луѓето грешат. Кога луѓето што ги сакате ќе заминат, останувате сами“, изјави Кијану во една пригода.
Кијану по оваа љубов имаше кратка врска со Сандра Булок и Софија Копола, но самиот истакна дека Џенифер била љубовта на неговиот живот и дека тешко после неа ќе успее да биде обврзан кон некоја жена.
„Знаете, јас сум осамен човек. Немам никој во животот. Но ако некој влезе во мојот живот, јас ќе ја сакам и почитувам таквата личност. Да, би сакал тоа да ми се случи“, изјави неодамна познатиот актер.
Но папараците неодамна го фатија Кијану Ривс (55) додека беше на вечера со Александра Грант (46).
Тие беа забележани додека заедно беа на вечера во еден познат ресторан. И покрај тоа што даваа сé од себе никој да не ги забележи, не успеаја да завршат надвор од фокусот на фотографите.
Тие се запознаа на една забава во 2009 година и од тогаш се нераздвојни. Иако цел Холивуд се сомнева дека веќе одамна се во врска, Кијану тоа упорно го негира.
Еве зошто Кијану е еден од омилените холивудски актери
Кијану, неодамна при гостување во шоуто на Стиве Колбер, „The Late Show”, у ги освои сите со својот одговор на едно прашање.
Што мислите дека ќе се случи кога ќе умреме, Кијано?”, го праша домаќинот на шоуто, Колбер.
Публиката се насмеа на неочекуваното прашање. Познатиот актер застана за еден момент, издиша, а потоа го даде одговорот кој никого не остави рамнодушен: „Знам дека ќе им недостасуваме на оние што не сакаат“.
Колбер за момент останаа без зборови. и додека публиката реагираше со колективно воодушевување, Колбер само воздивна, а потоа се испружи и ја подаде раката да се ракува со Ривс. Беше изненаден од одговорот и молчеше цели 10 секунди пред да го заврши тој дел од шоуто.