Долгата црна коса со години и беше заштитен знак
Атрактивната пејачка Никол Шерзингер реши да ги изненади сите со промена на својот имиџ. Имено, таа реши да ја скрати својата долга црна коса по која беше препознатлива, и ја направи популарната боб фризура за која во последните месец-два се одлучија и многу други познати дами.
Познатата пејачка оваа драстична промена ја покажа премиерно на црвениот килим за време на доделување на модните награди во Лондон, каде вниманието го привлече и со ваквата трансформација, но и со фустанот со кој го истакна своето витко тело.
Никол со оваа популарна фризура очигледно реши да означи нов период во својот живот, односно промената се поклопи со нејзиното враќање во бендот „Писукет долс“.
Оваа година боб фризура направија и Ким Кардашијан Вест, Бела Хадид, Каја Гарбер и Моника Белучи, а Сандра Булок и Риз Витерспун избраа малку подолга, лоб варијанта на оваа популарна фризура.