Познатата фолкерка ја нападнаа заради она што го прави со својот син на Инстаграм: „Каква мајка си ти?! Што ти прави малиот?!“
Пејачката не можеше да премине преку ова
Познатата фолк пејачка Сека Алексиќ неодамна објави видео на кое можевме да видиме како нејзиниот син Јаков си игра со пиштол. Секако дека е во прашање играчка, но некои решија да ја критикуваат на социјалните мрежи затоа што дозволила да си игра со една ваква играчка.
Пејачката не сакаше да им остане должна, па реши да не молчи и го напиша следново на Инстаграм.
„Ај овие што мислат што е најдобро нека ги држат за себе своите глупи коментари“, им порача таа на хејтерите под видеото што го објави на Инстаграм.
Инаку, Сека наскоро треба да се породи и на овој свет да донесе уште едно машко дете.
Таа е во седми месец од бременоста и на социјалните мрежи се уште редовно објавува фотографии од кои можеме да видиме дека ужива во овој посебен период од животот.
Момчето треба да се роди во февруари и ќе се вика Исак.