Познатата фолкерка ги покажа силиконите, но и лузната – операцијата беше тешка, одвај остана жива
Прво покажа како изгледа како „арапска принцеза“, а потоа облече костим за капење и ги запали Емиратите
Пејачката Индира Арадиновиќ уживаше на одморот во Емиратите каде беше со својата најдобра пријателка.
Таа најпрво покажа како изгледа како „арапска принцеза“, а многумина не можеа да ја препознаат во ова издание.
Но потоа пејачката објави и неколку фотографии на кои позираше во костим за капење и ги остави сите без зборови.
Индира за која велат дека по разводот од сопругот никогаш не изгледала подобро, сега тоа и го покажа, а за нејзиното провокативно издание во црните бикини се уште се зборува на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм
„Рецептот за мојата добра линија е тоа што направив операција пред три години, одвај преживеав заради убавина и добар изглед, но и здравје. Ја плаќам цената, има тука доста работи.“
Фото: Инстаграм
„Сакам здраво да се хранам кога имам прилика, а кога немам, одам на брза храна и лапам“ порача Инди во една пригода која својата линија ја донесе до совршенство и сега многу почесто објавува провокативни фотографии со кои привлекува внимание.
Фото: Инстаграм
Потсетуваме, Индира во една емисија зборуваше за борбата што ја водеше заради желбата да го намали желудникот, а сега гордо го покажува стомакот, но и големата лузна што се уште и’ се познава, но која ретко кој може да ја забележи покрај нејзините занесни облини, за што сведочат и овие нејизни фотографии…