Познатата фолк-пејачка изведе жежок танц на базенот во раскошниот дом – еве што прави кога е сама
Гавазова ужива во топлото септемвриско време
Каде и да се појави, привлекува внимание
Нашата позната фолк-пејачка Сузана Гавазова каде и да се појави привлекува внимание, а тоа го први и на социјалните мрежи.
Имено, македонската фолк-дива објави снимка на која се гледа како танцува покрај базенот во својата нова вила.
Снимката веднаш привлече внимание на Инстаграм, како заради нејзиниот изглед, така и заради провокативното танцување.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Облечена во минијатурен костим за капење и со екстравагантни сандали со високи штикли на нозете пејачката го снимаше својот одраз од стаклото и ги воодушеви своите бројни фанови.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Понесена од музиката, таа почна заводливо да танцува покрај базенот, а нејзините облини ги истакна во преден план.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Како таа изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Раскош во домот на фолкерката
Инаку, пејачката во слободното време најмногу сака да одмара во својот нов дом во кој неодамна се всели со семејството.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката заедно со својот сопруг, Босанецот Јасмин Курузовиќ, кој по потекло е од Шведска, изградија преубава куќа во близина на Дојранското Езеро. Луксузната недвижнина што ја изградија во дворот има и голем базен каде целото семејство се опушта преку ден, а Гавазова често на своите фанови им покажува како ужива во него и ги полни батериите за нови предизвици.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
А кога пејачката го прави тоа на овој начин, цел Инстаграм е на „нозе“ и со воодушевување го следи секој нејзин чекор…