Познатата убавица им пркоси на ниските температури во најпосакуваниот капут за оваа сезона
И таа не можеше да му одолее на популарниот капут
Манекенката Елса Хоск е само уште една од познатите убавици која не можеше да му одолее на популарниот „teddy“ капут кој и оваа есен важи за еден од најбараните модели. Меѓу најпопуларните модели е токму овој беж модел од „Max Мara“ што го обожаваат трендсетерките од целиот свет, а една од најпознатите манекенки беше забележана коко го носи додека се шеташе низ центарот на Њујорк.
Русокосата убавица го носеше со кежуал фармерки и гломазни патики, штитејќи се од ниските температури со популарниот „teddy“ капут за кои сме сигурни дека ќе им се допадне и на нашите девојки. Продавниците веќе се преплавени со разноразни модели во сите бои и должини, а најбараниот модел за оваа сезона во своите плакари го имаат и девојките како Џиџи Хадид, Роси Ханингтон-Вајтли, Хејли Болдвин, Алекса Чанг и бројни други.
Роси Ханингтон Вајтли
Роси Ханингтон Вајтли
Алекса Чанг
Џиџи Хадид
Па доколку се уште немате ваков модел кој своето име го доби по популарното кадифено мече направено од истиот материјал, еве неколку интересни варијанти што можете да ги најдете во продавниците низ Македонија.