Познатата Турчинка прво и го растури бракот на султанката, па ги ШOКИPAШЕ сите кога ја фатија на дело со друг (фото)
Најголема слабост и се туѓите мажи?!
Шармантната Ханде Ерчел се прослави со турските серии „Црн бисер“ и „Чукни на мојата врата“, а пред да застане пред филмские камери беше успешен модел.
Покрај својот импресивен актерски талент, оваа 26 годишна девојка со топла насмевка во својата родна земја го плени вниманието и со својот приватен живот. Имено, пред три години медиумите пишуваа дека на својата 33 годишна колешка Мерве Болугур, која што ја глумеше султанката Нурбано во „Сулејман Величествениот“, наводно и го земала мажот, пејачот Мурат Далкулич (37). Таа наводно ја искористила нивната криза во бракот, а постојат гласини и дека Мурат се развел од сопругата токму заради неа.
Парот уште минатото лето и есен објави заеднички фотографии, а потоа Ханде наводно решила да го остави.
Познатата турска актерка се уште ги полни страниците во медиумите со својот љубовен живот.
Таа со своите 15 милиони фанови важи за една од најпопуларните жени во Турција на социјалните мрежи. И додека во „Црниот бисер“ гледачите ја гледаа како се мачи со љубовните проблеми, во приватниот живот оваа фатална дама очигледно им претставува проблем на другите жени.
И како што овие денови пишуваат турските медиуми, позната турска убавица е виновна за уште една љубовна драма.
Имено, на сетот на серијата „Sen Çal Kapimi“ која што се снимаше до неодамна, таа го завела својот 33-годишен колега Керем Бурсин.
Тој пред да ја сретне убавата Ханде бил во среќна врска, а како што пренесуваат медиумите, тој наводно не можел да и одолее на актерката, посебно по големиот број романтични и интимни сцени што ги снимале заедно. Парот и покрај тоа што ги демантираше таквите гласини, фотографиите што и двајцата ги објавија на социјалните мрежи ги разоткрија.
Тие и двајцата споделија фотографии од Малдивите, само што таа го фотографираше зајдисонцето, а Керем објави како ужива на брод. Тие не се заедно на овие фотографи, но се на истото место, во истото време, па многумина се прашуваат која е веројатноста сето ова да е случајно?!
Тие само пет дена пред да заминат на Малдивите беа фатени заедно додека излегуваа од една теретана во Истанбул.
И Бред Пит „одлебил“ на нејзиниот шарм
Инаку, Ханде која кариерата ја започна како модел, во центарот на вниманието се најде неодамна која странските медиуми ја споија со Бред Пит. Наводно, за неа пишуваа дека популарниот холивудски актер не можел да и одолее, а американските медиуми пишуваа како 57 годишниот Бред откако прв пат ја видел како глуми во една од нејзините улоги се воодушевил и од тогаш често го посетувал нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
„Доста му е од жените во Холивуд, се обидува да дојде до Ханде, но не сака да го направи тоа преку социјалните мрежи бидејќи така не се чувствува безбеден“. Наводно до Ханде стигнала информацијата дека Бред е маѓепсан од нејзиниот шарм и тоа навистина и годи. Кога имала 16 години била вљубена во него и сега не може да поверува дека ја забележал.
„Сигурен сум дека ќе отидат на заедничка вечера“, изјави тогаш извор за странските медиуми.
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел