Популарната турска актерка ги воодушеви сите
Познатата Турчинка беше гостинка на донаторска вечера во Дубаи на која што се собираа пари за народот што настрада во разорниот земјотрес…
Турската актерка Мерјем Узерли, која се прослави со улогата на султанката Хурем во популарната серија „Сулејман Величествениот“, се појави на донаторската вечер наменета за народот во Турција погоден од тешкиот земјотрес и никого не остави рамнодушен.
Познатата убавица беше гостинка на донаторска вечера на која што се собираа пари за народот што настрада во разорниот земјотрес. Таа ја искористи оваа пригода за да му помогне на својот народ, а истовремено и заблеска во сиот свој сјај на споменатиот настан и го освои вниманието.
Хурем за оваа пригода избра црвен фустан направен од проѕирен тил зачинет со светки, додека под него носеше боди покриен со ситни златни точки кои се истакнуваа како и златните високи потпетици.
Целото издание го зачини со нејзината препознатлива боја на коса и шминка со која само ги истакна цртите на лицето.
Потсетуваме, земјотресите што се случија со епицентар во Кахраманмараш на 6 февруари однесоа десетици илјади животи.
По земјотресот низ целиот свет почнаа да се собираат донации за помош на настраданите, а на еден таков настан се појави и Мерјем.
Како таа изгледаше во ова свое издание и зошто сите зборуваат за него, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли