Познатата турска актерка до уши вљубена во постар маж, типот е познат музичар, но ја кријат нивната врска
Турската актерка Алина Боз, која сега стана прилично популарно и во поголемиот дел од Европа, е главен лик во сапунската серија „Азра“.
Додека гледачите го чекаат финалето од напнатата серија, за главната хероина се шират гласини дека е вљубена во многу постариот музичар Митхат Кан Озер.
Пред две години таа зачекори во своите 20-ти, а веќе стана популарна и омилена актерка од турските серии. Иако на големите екрани гледачите го следат секој нејзин чекор, во реалниот живот таа не открива многу.
https://www.instagram.com/p/B_uCCeEp6x8/
Љубовниот живот го крие вешто, но веќе е познато дека минатата врска не и траеше многу долго со актерот и колега Бурак Kaн. Но изгледа дека актерката е заинтересирана за „позрели“ и постари мажи зошто се зборува дека е во сериозна врска со 16 години постар пејач.
Проговори и за бракот со него
https://www.instagram.com/p/CAQPrUZJlsI/
Иако во турските медиуми, дури откако беше објавено дека е во врска, почна да се пишува и за кризата во новата врска, што пак младата ѕвезда тоа го негираше, па дури и зборуваше за бракот со него.
https://www.instagram.com/p/CBI6zN_JZ34/
„Не сум престарена да размислувам за брак со него, иако јас сум помлада, ние сме среќни заедно“, наведе таа и даде до знаење дека моментално, во склад со своите години, сепак се фокусира на кариерата, а за сериозни животни прашања нема време сега да размислува.
Го крие дека е постар?
Двајцата познати сакаат нивната врска да ја чуваат во тајност па затоа на социјалните мрежи немаат ниту една заедничка фотографија, а ниту во јавност не излегуваат заедно.
https://www.instagram.com/p/CAkORH-pDJz/
Освен гласините и нивните изјави, единствнео што ги „издава“ дека сѐ уште се заедно, се фотографиите од нивното заедничко куче, кое постојано и едната и другиот го објавуваат на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/CBOKzpUJYXb/
Но, од друга страна на актерката не и е проблем да се фотографира и да се појавува во јавност со помлади мажи, што постојано го прави со колегите од сериите.
https://www.instagram.com/p/CAANZGIJF65/
Алина својата кариера таа ја започнува во Турција зошто со мајката Русинка и таткото со турско потекло се преселила во оваа земја кога имала седум година. Од малечка била заинтересирана за театар, а освен часови по глума, посетувала и часови по танц.
https://www.instagram.com/p/CBGr0TCJqm_/
Нејзината природна убавна уште тогаш привлече многу внимание, па од малечка снима реклами и се фотографира за насловните страници од списанијата.