Познатата „инстаграмџика“ и убавица од Струмица, Љупка Митрова, на високите температури се разладува во костими за капење, а своите обожаватели на социјалните мрежи редовно ги радува со нови фотографии.

Таа на социјалните мрежи сподели неколку неодоливи фотографии на кои позира во костими за капење воодушевувајќи ги своите обожаватели со своето совршено извајано и исончано тело.
Но покрај фотографиите, и љубовниот живот на оваа убавица од Струмица е поприлично интересен за јавноста. Имено, откако се раздели од својот сопруг и татко на нејзините две ќерки, таа беше во љубовна романска со македонскиот модел и победник во Големиот брат, Дарко Петковски- Спејко.

Имено, струмичанката по бракот утеха пронајде во прегратките на познатиот и згоден кумановец, а откако неодамна медиумите ги објавија гласините дека повеќе не се заедно, се огласи и Спејко. Тој во интервју за Ексклузив ги потврди гласините и изјави дека и покрај тоа што повеќе не се заедно, и понатаму останале во добри односи.

„Кога би ме видела со друга девојка, би ми посакала среќа“, изјави Дарко за неговата сега веќе поранешна девојка.