Познатата струмичанка се прошета во панталоните кои важат за еден од водечките трендови
И привлече големо внимание во ова издание
Начинот на облекување познат како сафари стил се смета за еден од главните трендови за оваа сезона, а оваа пролет голем хит се „карго“ панталоните кои беа популарни во 90-тите години на минатиот век. Но не беа омилени меѓу сите жени, а овој пат ни се враќаат на голема врата, во малку поелегантна и поженствена варијанта.
Во таков модел неодамна се прошета и Љупка Митрова која ги носеше во комбинација со полувисоки лакирани чизми што е мошне ризично за овој модел, но атрактивната струмичанка тоа успешно го направи.
Таа целото издани го заокружи со капут во слична нијанса и црна кошула, како и мала Луј Витон чантичка.
Инаку, главната карактеристика на овие панталони се големите џебови кои се сместени бочно на ногавиците, а доколку сакате да видите повеќе модели од познатите брендови, и како да ги носите, кликнете тука.