Познатата скопјанка никого не остави рамнодушен во ова издание – ШТИКЛИТЕ од Версаче што ги носи вредат цело богатство
Сите гледаа во нејзините нови чевлички
Познатата македонска пејачка со албанско потекло, Аделина Тахири, важи за една од најдотераните дами во Македонија.
Пејачката на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм редовно споделува фотографии на кои носи прекрасни модни комбинации, а овој пат се пофали со издание на кое во центарот на вниманието беа нејзините необични високи потпетици со кои никого не остави рамнодушен.
Во прашање се црни платформи со дебели високи потпетици од престижната италијанска модна куќа „Версаче“ кои на официјалната интернет страна на познатиот бренд чинат 1425 долари (види ја сликата).
Шармантната русокоса пејачка која ги воодушеви сите со овој свој стајлинг овие стејтмент чевли ги носеше со необична креација од „Селин“, а целото издание го зачини со црна чантичка од познатиот бренд „Хермес“.
Инаку, Аделина важи и за една од најпознатите жени од Македонија на социјалните мрежи, а фотографиите што ги објавува на Инстаграм секогаш предизвикуваат воодушевување кај нејзините бројни фанови.
Таа деновиве беше на одмор во Монте Карло, каде го прослави својот роденден, но сепак најголемо внимание привлече со своите модни комбинации кои се одлична пролетна инспирација за многу дами.
Сепак, Аделина најголемо внимание привлече со своите нови Версаче платформи, а како познатата пејачка изгледаше во ова, но и во неколку други нејзини изданија, погледнете од фотографиите во галеријата што следува.
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Версаче
Фото: Версаче
Фото: Версаче
Фото: Версаче