Познатата русокоса убавица ни одржа модна лекција за еден од најпосакуваните трендови за ова лето
Сиена Милер во преубаво бохо издание
Познатата 36 годишна актерка во последно време се повеќе го привлекува нашето внимаение со нејзиниот беспрекорен стил. Овој пат во прашање е мошне интересен црн фустан со должина до подот со асиметрични ракави и етно дезен специфичен за летниот „бохо“ тренд.
Во прашање е креација на дизајнерката Соња Рикел кој беше претставен во склоп на новата „ресорт“ колекција, а симпатичната русокоса актерка го носеше во комбинација со децентен златен накит и црни високи потпетици со тенки ременчиња, препознатлива несредена фризура и минимална шминка.
https://www.instagram.com/p/Bj8jQl7HUjY/?utm_source=ig_embed
Инаку, бохо шик стилот во модните кругови се појави во последните дваесет години презимајќи го најдоброто од хипи ерата, боемскиот стил и ромската култура, а препознатлив е по парчиња што вклучуваат реси и етно мотиви.