Ваквата нејзина идеја изгледа малку необично
Гвиент Палтроу откако се сврши со продуцентот Бред Фалчук не крие колку е среќна и повеќе пати нагласи дека е мошне возбудена од она што ја очекува во блиска иднина. Таа веќе ја приреди и својата моминска вечер, а некои се сомневаа дека забавата беше и нивната тајна венчавка.
Но тоа е најверојатно само трач бидејќи извор близок до актерката за медиумите изјави дека Гвинет се двоуми околу личноста што ќе ја испрати до олтарот.
Според него, а како што пренесуваат странските медиуми, на Гвинет наводно на памет и паднала необична идеја до олтарот да ја спроведе и на друг маж да ја предаде нејзиниот поранешен сопруг, пејачот и фронтменот на Колдплеј, Крис Мартин. Тие двајцата по „свесната разделба“ останаа во пријателски односи, а во една пригода дури и изјави дека Крис и е „како брат“. Тие имаат 13 годишна ќерка Епл и 11 годишен син Мозес, а во брак беа 13 години.