Познатата пејачка по разводот се преполови – Анета во најпровокативното издание што сме ја виделе
Никогаш не изгледала поубаво...
Пејачката во уште едно издание со кое мами воздишки
Нашата позната фолк-пејачка Анета Љумаковска во последно време се почесто привлекува внимание и со своите објави на Инстаграм.
Впрочем таа беше и овој пат, кога облечена во црно од глава до пети покажа дека изгледа како милион долари.
Анета за оваа пригода избра тесна црна ролка и кусо здолниште, а она што сите го забележаа е дека пејачката поприлично ослабнала, па на фотографијата изгледа како преполовена, за што доби бројни позитивни коментари на сметка на нејзиниот изглед.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа целото издание го зачини со тенки високи потпетици и нејзината шик боб фризура, а како изгледаше, погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Потсетуваме, Анета неодамна се најде во центарот на вниманието заради разводот од нејзиниот поранешен сопруг.
Оваа вест тога како бомба одекна во медиумите, посебно што пејачката реши да се разведе по повеќе од 20 години брак.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Но и покрај разводот, Анета остана во одличен однос со поранешниот, а тоа може да се види и по нивните заеднички настапи.
Фото: Фејсбук/ Анета Љумаковска
Имено, пејачката покрај својата соло кариера се уште настапува и со „Молика“, а со нив ќе има настап и на 8 Март во Виена.
Фото: Фејсбук/ Анета Љумаковска
Покрај „Молика“ таа настапува и со други состави, а неодамна имаше одличен настап и со групата „Круна“ во Германија.
Во продолжение погледнете уште едно издание на Анета со кое пејачката никого не остави рамнодушен.