Познатата пејачка од Македонија живее по светски терк – фановите ШОКИРАНИ од она што го направи за „Денот на вештерките“
Пејачката Алтуна Сејдиу-Туна живее по светски терк.
Секогаш уникатна, таа ги следи светските трендови, па како и многу светски ѕвезди таа вчера го прослави „Halloween“ или кај нас познат како „Денот на вештерките“.
Иако овој празник не е практикуван во нашата земја во последните неколку години се чини дека се повеќе луѓе го сметаат за интересен па често може да се видат славните личности маскирани на овој ден.
Туна изминатите години и самата се маскираше, но овојпат таа ги маскираше своите синови Тиан и Зен и направија преслатка фотосесија.
Постариот син Тиан маскиран во скелет, додека пак помалиот имаше два костуми едниот скелет, а другиот преслатка тиква.
Пејачката објави низа фотографии, па праша кој костим им се допаѓа повеќе на фановите.
Инаку таа се породи пред речиси пет месеци, а својата фигура многу брзо да врати, па од вишокот килограми нема ни трaга.
Таа ужива да прави гламурозни забави, но она што ги изненади нејзините фанови беа фотографиите кои ги објави веднаш по породувањето, односно уште во породилната сала.
„Го молев Бога за маж кој засекогаш ќе ме сака. Тој ме благослови со двајца. Среќен Ден на мајките. Горда мајка на Тиан и Зен“, напиша Туна во описот на фотографиите.
Туна со години е позната на музичката сцена, но повеќе активна е на албанската, додека пак во Македонија се прослави со учеството во музичкото шоу „Плеј-потрага по ѕвезди“.
Инаку таа е во брак со нејзиниот избраник Патрис Бериша, кој исто така е музичар и се родители на двајца синови.
https://www.instagram.com/p/CVGUoWtN67B/
https://www.instagram.com/p/CEXPAXIlfDi/
https://www.instagram.com/p/CDUb_q9FV4B/
https://www.instagram.com/p/By5o9I8lwOV/
https://www.instagram.com/p/By0ncWzlQ45/
https://www.instagram.com/p/BxCl0s-nw7z/
https://www.instagram.com/p/Bw7jRWeH_QX/
https://www.instagram.com/p/BvB6ngHHGf-/