Познатата пејачка објави фотографија покрај новогодишната елка, фановите шокирани од она што го видоа на нејзините нозе
Познатата пејачка во ново екстравагантно издание
Пејачката Селин Дион реши овој Божиќ да изгледа посебно. Таа облече црвен светкав фустан и позираше во заводлива поза пред новогодишната елка, но она што најмногу го привлече вниманието на нејзините обожаватели беа нејзините необични чевли. Имено, таа носеше високи потпетици од познатата канадска дизајнерка Кејтлин Доерти кои се украсени со пердуви во жолта, портокалова и црвена боја и би требало да ја претставуваат птицата феникс.
Но очигледно дека некои нејзини обожавателки ова издание ги потсети на кокошки.
„Поздрав до Селин и нејзините кокошки“, и порача во шега една обожавателка на социјалните мрежи.
„Зошто по ѓаволите носиш кокошки на нозете“, ја праша друга.
Но покрај овие неколку шеговити коментари изборот на Селин им се допадна на повеќето претставнички на понежниот пол, па така многу дами ги означија своите партнери на фотографијата порачувајќи им дека за новогодишните и божиќните празници сакаат токму вакви чевли за подарок.
Што мислите вие за нив?