Познатата пејачка го покажа трудничкиот стомак- еве како изгледа во 20-та недела од бременоста
Убавата пејачка го покажа трудничкото меше.
Пресреќна дека семејството ќе им се зголеми познатата поп пејачка позираше пред огледало и го истакна трудничкото стомаче.
Сара Мејс неодамна ја соопшти веста дека е бремена, па направи и мала забава за да го открие полот на бебето заедно со својот сопруг Димитар и ќерката Илина.
Семејството соопшти дека очекуваат момче, а сега Сара го покажа пораснатото трудничко стомаче во преубава свилена креација.
Таa се појави на снимање дотерана од глава до петици и облечена во преубав свилен фустан и интересна фризура.
-Кога снима трудна, напиша Сара и објави неколку преубави фотографии.
Сара изгледа неверојатно, а напиша и дека е 20 недели бремена.
Таа е активна трудница и ужива во бременоста секој ден.
Во интервју за „Женски магазин“ откри дека засега се чувствува одлично.
-Одлично се чувствувам, засега е сè како што треба. Многу сум радосна што семејството ќе ни се зголеми. Илина и Димитар се супер, и ќе бидам многу среќна кога на свет ќе дојде уште една позитивна личност како нив, од нивната клапа“, изјави Сара за „Женски магазин“.
Инаку Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски важат за еден од најскладните парови на македонската музичка естрада.
Двајцата се во брак веќе подолго време, а круната на нивната љубов е ќеркичката Илина со која мама и тато уживаат да поминуваат време.