Манекенката Хајди Клум се омажи во тајност со своето 17 години помладо момче Том Каулиц.
Тие иако пред олтарот застанаа уште на 22 февруари кога им беше првата годишнина од врската, манекенката и поранешниот член на бендот „Tokio Hotel” оваа убава вест ја објавија дури сега.
Хајди и Том се нераздвојни откако почнаа да се забавуваат, а тоа го покажаа и на презентацијата на парфемот „7 lovers“ на Карин Ротфелд каде не се одвојуваа еден од друг.
Парот привлече големо внимание поради разликата во годините, а манекенката на која ова е и трет брак истакна дека тоа воопшто не и пречи.
„Навистина, моето момче е многу помладо од мене, но баш ми е гајле. Мислам дека морате само да живеете среќен живот и да не се грижите што мислат луѓето, бидејќи ќе си создадете само непотребни брчки. Том ме прави да бидам среќна жена. Со него е поинаку отколку што беше со моите претходни врски. Со него навистина сум сериозни“, изјави Хајди откако нејзиното момче ја запроси минатата година.
Таа пред Том беше омажена за Рик Пипин, па за музичарот Сила со кого има три деца.