Познатата манекенка за Анџелина Џоли вели: „Цело време се однесуваше како вистинска кучка“
Манекенката Каприз Боурет, која во 90-тите години беше вистинска ѕвезда, во интервју за New! Magazine се сеќава на деновите на својата најголема слава.
Каприз (47) од 1996 година живее во Велика Британија, а уште додека беше топ модел и актерка, ја започна и приказната со својот моден бренд „By Caprice“.
„Бев многу разуздана, колку само пиев алкохол. Не се дрогирав, но затоа можев добро да испијам. Без проблем пиев шише вотка, а момчињата до мене паѓаа под масата”, се сеќава таа во интервјуто. Но она што предизвика најмногу внимание беше нејзиното сеќавање на средбата со Анџелина Џоли.
„Бев на вечера со неа еднаш. Вечеравме одделно и со Бред Пит. Не можам да се сетам дали тогаш тие веќе беа во брак, но таа беше ужасна. Се однесуваше како вистинска кучка. За време на вечерата не прозборе ништо, само гледаше во празно. Беше ужасна, искрено. “, вели Каприс и за Бред Пит додаде дека е многу драг маж, пристоен и убав.