Познатата македонска пејачка ги запали интернетот – не им е лесно на оние што вежбаат со неа во теретана
Пејачката повторно покажа како вежба во теретана
Сања Ристеска важи за една од најзгодните фолк пејачки во Македонија, а своето тело го одржува благодарение на напорните тренинзи.
Таа со редовното вежбање своето тело го донесе до перфекција така што сега гордо го покажува на социјалните мрежи.
Пејачката овој пат реши да ги изненади своите фанови и да покаже како изгледа додека вежба во теретана.
Облечена во црни тренерки и куса спортска маичка Ристеска го покажа резултатот од вежбањето и ги воодушеви сите.
Повеќе од очигледно е дека пејачката е во топ форма, па на нејзиното тело многу дами можат да и завидуваат.
Таа напорно работи за да изгледа вака, а тоа можевме да го видиме и неодамна кога објави снимка со која покажа како се поти во теретаната.
Но тогаш наместо стомакот Сања се снимаше во тесни хеланки покажувајќи ја својата позадина додека вежба.
Овие снимки тогаш го „раздрмаа“ интернетот, но истовремено можат да послужат и како инспирација за оние што сакаат да имаат добро тело.
Впрочем рецептот е едноставен, а Сања го знае тоа и затоа и стои убаво што и да облече и си „грми“ каде и да се појави.
Па, големо БРАВО за неа.