Познатата македонска актерка со една фотографија ги стопи сите – погледнете, ова е нејзината најголема љубов! (фото)
Македонската актерка ги стопи сите со една фотографија.
Јелена Јованова или како што публиката во последен период ја препознава Јелена од Драчево, ја засмејуваше македонската публика со улогата во хумористичната серија „Преспав“.
Рецепционерката Јелена е ултра забавен и весел лик, од кој можеше да се очекува буквално се во секој момент.
Јелена стекна огромна популарност со оваа улога, но зад себе има богата кариера.
Како нејзино најголемо професионално достигнувње се смета улогата во филмот кој го режираше Анелина Џоли „Во земјата на крв и мед“.
Јелена многупати во медиумите изјави дека останала во контакт со Џоли и по снимањето на филмот. Во опис на фотографијата која ја сподели на социјалните мрежи, а на која позира со Џоли, напиша дека таа е жената којашто ѝ го сменила животот.
Јелена не е многу активна на социјалните мрежи и ретко кога споделува фотографии од приватниот живот.
Од 2015 година таа е во брак со со хрватскиот актер Стјепан Периќ.
Својата свадба успешно ја сокрија од јавноста и тајно се венчаа, а фотографии објавија некое време подоцна.
Она што секако е за пофалба е тоа што Јелена избра да носи фустан со потписот на една од нашите најдобри дизајнерки, Тања Кокев, а имаше и пократка варијанта со кој ги истакне нозете.
Круна на нивната љубов е нивниот син Јаков.
Јелена својот приватен живот го крие како змија нозете, па досега се уште нема споделено фотографија на која се гледа лицето на Јаков, за публиката да може да одлучи на кој повеќе личи малото момче.
Парот не ја крие својата среќа и во интервјуа за медиумите секогаш истакнуваат дека животот им се сменил целосно, но на подобро.
Јелена вели дека нејзиниот син е бистар, забавен, многу сладок. Весело, насмеано и љубопитно бебе.
На прашањето на кој повеќе личи таа изјави: „Mислам дека е совршен микс од двајцата“.
Деновиве таа сподели нова фотографија од нејзиниот сопруг кој во рацете го држи Јаков.
Оваа фотографија е направена во Љубљана, Словенија, што значи дека малиот Јаков веќе почна да ужива во патувањата заедно со родителите.
Фотографијата ги стопи сите.
Фото: Фејсбук / Јелена Јованова
Фото: Фејсбук / Јелена Јованова
Фото: Фејсбук / Јелена Јованова
Фото: Фејсбук / Јелена Јованова
Фото: Фејсбук / Јелена Јованова
Фото: Фејсбук / Јелена Јованова
Фото: Фејсбук / Јелена Јованова
Фото: Фејсбук / Јелена Јованова
Фото: Фејсбук / Јелена Јованова
Фото: Фејсбук / Јелена Јованова
Фото: Фејсбук / Јелена Јованова
Фото: Фејсбук / Јелена Јованова
Фото: Фејсбук / Јелена Јованова
Фото: Фејсбук / Јелена Јованова
Фото: Фејсбук / Јелена Јованова