Познатата Македонка по разводот утеха пронајде во ова момче – тој е НАЈГОЛЕМАТА ЉУБОВ во нејзиниот живот (фото)
Кога ќе се разведат родителите, на децата им е најтешко!
По разводот на поранешната манекенка Даниела Димитровска и водителот Огњен Амиџиќ многумина се прашуваа како тоа ќе го поднесе нивниот син, Матија Амиџиќ.
Неговите родители решија да продолжат понатаму во животот раздвоено, па тој ќе треба да живее на две локации.
Еден дел од неделата ќе поминува со мајката, а друг со својот татко. По два пати е слави родендени, ќе оди по два пати на летување, а во некое догледно идно време ќе се соочи и со новите партнери на родителите.
Но денес за разлика од неколку децении порано, за многу деца е подобро да живеат со разведени родители, отколку во семејство со нарушени односи. Барем така не советуваат психолозите и така не учи модерниот живот. Животот некако се смени во последниве 20-30 години, па сега брачните парови многу полесно решаваат да се разделат, за разлика од порано, така што денес има многу тинејџери како Матија што поминуваат низ еден ваков период, кој за нив е посебно тежок и родителите треба да им обрнат внимание.
Како што пренесуваат медиумите, Даниела и Огњен даваат сé од себе како нивниот наследник не би почувствувал некоја голема промена. Тој им е приоритет, постојано разговараат со него објаснувајќи му што се случило, а голема предност е и тоа што тие се разделија по мирен пат.
Од друга страна секој момент што родителите е го поминат со него во овој период од нивните животи за нив е лековито. И на двајцата не им е лесно по донесувањето на една ваква одлука, па тој сега им е најголем извор на среќа и радост.
А тоа дека сопственичката на модна агенција во него пронашла утеха може да се види и од нејзините објави на Инстаграм.
Имено, убавата Даниела деновиве објави заедничка фотографија, а истото го направи и нејзиниот поранешен сопруг.
Потсетуваме, познатата манекенка и водителот по десет години решија да стават точка на нивниот брак и покрај нивниот заедничко соопштение, досега се немаат огласено во врска со разводот, а така и ќе остане.
„Сакаме да ве известиме дека одлучивме да се разделиме, а одлуката за разводот ја донесовме заедно. Ние ќе останеме во пријателски односи заради интересите на нашиот син, а по овој повод веќе нема да се огласуваме, ниту да даваме изјави. За нашиот развод не е виновно трето лице, па нема место за дополнителни шпекулации“, истакнаа тие тогаш во соопштинието.
„Им се заблагодаруваме на медиумите на досегашната соработка и ве молиме да ја почитувате нашата одлука да не зборуваме на оваа тема“, порачаа поранешните сопружници во нивното соопштение.
Инаку, манекенката по разводот утеха пронајде во патувањата и дружбата со пријателите, а и Огњен се придржува до истата формула.
Судејќи според нејзините објави на Инстаграм таа за кратко време успеа да ја врати насмевката на лицето, а неодамна беше на одмор во Грција со своите најдобри другарки меѓу кои и пејачката Ана Кокиќ.
Потсетуваме, Даниела Димитровска во 2004 година победи на изборот на „Elite“ кога и се отворија вратите за светска кариера. И откако престана активно да се занимава со манекенство, таа остана во модата како директорка на агенцијата „Models Inc – Eite Model Look“.
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Извор: Стори.рс, Гламур.мк