Беспрекорно издание на Пријанка
Поранешната Мис на светот повторно ги воодушеви сите со изборот на својата облека. Имено, убавата 35 годишна Пријанка Чопра овој пат се прошета низ улиците на Лос Анџелес во двобојни фармерки со висок струк и „кропната“ бела кошула со кратки ракави и ги остави минувачите без здив. Таа често се наоѓа на страните на модните магазини што воопшто не нé чуди поради нејзиниот моден стил. Нејзините комбинации не можат да поминат незабележано, а така беше и на кралската венчавка на Меган Маркл, која е нејзина пријателка, и принцот Хари.
Но и кога ги „фура“ своите обични секојдневни изданија Пријанка изгледа елегантно и посебно, а одличен доказ за тоа е и ова нејзино пролетно издание.
Имено, таа за деловен состанок избра необични фармерки со висок струк, а нејзините познати облини дополнително дојдоа до израз и поради „кропнатата“ бела кошула, додека целото издание го заокружи со црвен кармин, мала бела чанта што ја носеше префрлена преку рамото, тренди очила за сонце, чокер огрлица и бели високи потпетици.