Познатата долгонога убавица ужива на Миконос и заведува во еден од најпопуларните модели на костими за капење!
Џиџи Хадид не остава никого рамнодушен кога е во бикини
Младата манекенка во моментов се наоѓа на одмор во Грција каде крстари со своите пријатели и пријателки на луксузна јахта. Како и секогаш фотографите го следат секој нејзин чекор, па и овој пат беше фатена како ужива во морските радости „позирајќи“ во провокативно издание.
Таа носеше тренди едноделен костим за капење со тенки прерамки, кои се апсолутен хит и во кој 23 годишната манекенка изгледаше сензационално истакнувајќи ги во преден план нејзините долги и витки нозе.
Инаку, Џиџи на познатиот грчки остров Миконос ужива со уште еден подеднакво популарен модел, Емили Ратајковски, чии фотографии во минијатурни бикини деновиве исто така се хит на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/BkqdheRDKk5/?utm_source=ig_embed