Познатата водителка ужива за сите пари во луксузниот хотел – гламурозните папучи што ги носи се хит во целиот свет!

Убавата водителка повторно освои бројни комплименти…

Една од најпознатите и најубавите македонски водителки, Лила Филиповска, го преплави својот Инстаграм со објави од летувањето во Турција.
Таа пред неколку дена ги спакува куферите и заедно со својот колега Спасе Јовановски замина за Бодрум каде сега веќе неколку дена ужива со него за сите пари.
И по неколкуте објави од ова лето на кои позираше во костими за капење, Лила овој пат реши да се покаже во едно малку поинакво светло.

Имено, водителката најпрво сподели неколку снимки со кои покажа како изглед луксузниот хотел во кој престојува, но и како изгледаат преубавите плажи и ресторани со кои е опкружена на ова познато летувалиште.

Филиповска објави и снимка од шопинг во ексклузивни продавници каде се продаваат најскапите светски брендови, а внимание привлече и со тоа како беше облечена за оваа специјална пригода.

Имено, Лила носеше кусо фустанче во нежна пудра нијанса, со отворени раменици и интересни кратки ракави, а целото издание го зачини со своите модни додатоци со кои никого не остави рамнодушен.


Убавата водителката овој пат на носеше папучи од познатата мода куќа Диор чија цена се движи околу две-три просечни плати во Македонија, и кои важат за едни од омилените на многу познати светски дами.


Но Лила не би била Лила ако во своите плакари нема вакви парчиња, а како убавата водителка изгледаше на ова свое патување, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
