Познатата водителка прослави 30 години брак и ја откри тајната на нејзината љубов кон овој човек (фото)
„Негувајте ја љубовта која што си ја имате со партнерот и уживајте во животот заеднички радувајќи се на сите работи, бидејќи животот нема повторна реприза...“
Познатата водителка Билјана Дебарлиева прослави 30 години брак со својот сопруг Јован со кого има син и ќерка.
Билјана која повеќе од три децении е присутна на нашите мали екрани и која со својата харизма плени каде и да се појави, се уште важи за една од нашите најдобри, но и најубави телевизиски водителки.
Гледачите постојано ја коментираат нејзината природна убавина и непосредност, како и нејзиниот младешки изглед и во шестата деценија.
Приватна архива
Како што самата откри во една пригода за Гламур магазин, со сопругот Јован биле четири години едно пред да стапа во брак.
Тие сега ја слават својата јубилејна 30- годишнина од бракот, а нејзиниот сопруг сподели неколку фотографии на кои изгледаат вљубени како и првиот ден. Впрочем тој сподели и една фотографија од нивната свадба, од која може да ја видиме Билјана како невеста.
Приватна архива
Потсетуваме, Билјана неодамна во интервју за Гламур зборуваше отворено за нејзиниот брак, но и за нивните деца.
Приватна архива
И како што самата истакна тогаш, според Билјана тајната на нивната љубов се крие во довербата, отсуството на љубомората, во тоа што си веруваат еден на друг, но и постојано се поддржуваат.
Приватна архива
„Многу работи веројатно, многу ситници, не дека бракот е идеален кај секого, дека нема проблеми, да секогаш има ситни работи меѓутоа мора да изброите некогаш до три да преминете преку нештото. Секако доколку не е навистина сериозно бидејќи за кавга е потребно многу малку, за разделба уште помалку“, изјави тогаш Билјан.
„Затоа би била мојата препорака, негувајте ја љубовта која што си ја имате со партнерот и уживајте во животот заеднички и радувајте се на сите работи, бидејќи животот нема повторна реприза“, додаде водителката.
Целото интервју со Билјана прочитајте го тука…