Познатата водителка опива и во шестата деценија – облече проѕирно здолниште, ги остави мажите без здив!
Лила Филиповска на својот Инстаграм сподели снимка со која веднаш предизвика големо внимание
Познатата водителка во издание што сите ги воодушеви
Нашата позната водителка Лила Филиповска (52) блеска и во шестата деценија и важи за дама што изгледа убаво што и да облече.
Впрочем Лила тоа го покажа и со едно од своите последни изданија во кое шоуто го украде цртана тоалета што ја носеше.
Во прашање е долга креација со проѕирно здолниште со кое убавата водителка ги воодушеви своите бројни следбеници.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Под проѕирниот дел се гледа црното боди, а Лил целото издание го заокружи со елегантни црни сандали со високи потпетици.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Фустанот беше со тенки прерамки, така што голиот грб и деколтето беа како шлаг на тортата, а Лила целото издание дополнително го зачини и со феноменална фризура и голема огрлица.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Ова нејзино издание предизвика бројни реакции и лајкови, а сите се согласни дека Лила никогаш подобро не изгледала.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Оние пак што во тој момент се најдоа во нејзина близина не можеа да го тргнат погледот од неа, а Лила без да трепне, цело време позираше самоуверено и си блескаше.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Лила?