Познатата водителка од Алфа ТВ си „рипна во тавчето“ – ПРЕУБАВА НЕВЕСТА, се топи во прегратките на саканиот
Невестата носеше венчаница како во бајките
Беше поприлично лудо и весело
Познатата водителка и новинарка од Алфа телевизија, Александра Бела, вчера го кажа своето судбоносно „ДА“.
На свадбата која беше во еден познат скопски ресторан беа присутни нејзини колеги и колешки кои на социјалните мрежи објавија бројни снимки и фотографии од најубавите моменти.
Од нив можеме да ја видиме преубавата венчаница со која Бела блесна пред својот избраник, но и како се топеше во неговите прегратки додека во романтична атмосфера го играа незаборавниот прв танц.
Фото: Инстаграм
На свадбата се појави и пејачот Спасен Силјаноски, кој специјално беше најавен од музичарите и го испеа својот голем хит.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Потсетуваме, момчето на Бела, Саша, ја запроси убавата водителка минатата година додека беа на зимување во Копаоник.
Фото: Инстаграм
Но оваа вест тогаш не ја објави ниту таа, ниту Саша, туку сестрата на Бела, Елена Манојловски, која исто така е позната водителка.
Фото: Инстаграм
„Посакувам да сте секогаш вака среќни и заљубени Санулка моја ми го разубавивте денот, месецот годината, ма животот“ – напиша тогаш нејзината сестра на социјалните мрежи споделувајќи романтична фотографија на која Бела е во прегратките на зетот и гордо го покажува свршеничкиот прстен.
Фото: Инстаграм
А како Бела изгледаше и на денот кога застана на „лудиот камен“ и го изговори своето судбоносно „ДА“, погледнете во продолжение…