Реклама
Uncategorized

Познатата актерка искрено за бракот и мајчинството: „Нема да ве лажам – изморена сум!“

Реклама

Салма Хајек и нејзиниот сопруг Франсоа-Ани Пино се во брак веќе десет години, но шармантна актерка не сака многу да разговара за тоа како тие се запознале.

И има и добра причина за тоа: „Тоа е една таква романтична, неверојатна приказна, но тоа е моја. Не сакам да ја вулгаризирам со претворање во приказна што ќе ме направи интересна”, изјави таа за еден американски магазин.

Маркетинг

Салма и францускиот бизнисмен се и повеќе од успешни во она што го работат, а нивната љубовна приказна остана во голема мера приватна во последните 10 години. Кога започнала нивната романса, Хаек имаше 39 години, а кога ја роди ќерката Валентина (11), имаше 41 година.

https://www.instagram.com/p/BpvntHAl72Q/

Маркетинг

 

„Мислам дека сум подобра во улогата на мајка бидејќи ја родив ќерка ми малку подоцна”, изјави таа и додаде:

„Но, јас сум уморна, нема да лажам”.

„Валентина е многу креативна, многу паметна, многу духовита, но исто така тврдоглава”, вели таа, опишувајќи ја својата 11-годишна ќерка. Што се однесува до Франсоа пак, таа го нарече „најдобриот сопруг на светот”. Таа за него вели: „Јас сум со него она што сум, и јас не чувствувам дека некој се обидува да ме ограничи на било кој начин”.

https://www.instagram.com/p/BnY_s6snKcE/

 

Актерката беше особено искрена кога зборуваше за реакциите на луѓето за нејзиниот брак со францускиот бизнисмен:

„Многу луѓе беа шокирани што решив да се омажам и за кого се омажив. И некои луѓе сега на некој начин се плашат и сами се дистанцираат од мене“, вели таа.

https://www.instagram.com/p/BoHYI-fl4Cm/

 

„Но, ова е уште еден начин да се покаже расизмот. Тие не можат да поверуваат дека оваа Мексиканка успеа во нејзиниот живот, па се засрамени и најверојатно им е непријатно кога се во мое присуство”.

https://www.instagram.com/p/BoMc-rTlVUJ/

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button