Позната фолкерка стана мајка на 52 години – не се откажуваше, на крај Бог и подари ќерка
„Се додека дишам, се додека постои било каква шанса од Бог и природа, јас сум тука и не се откажувам“.
Не можеше да посвои дете, а најголема желба во животот и беше да се оствари во улога на мајка…
Најубавата вест во регионот пристигна од домот на фолк-пејачката Сања Малетиќ која роди здрав женско дете.
Имено, Сања стана мајка на 52 годишна возраст, а нејзината борба да забремени и да роди дете која траеше повеќе од цела една деценија сепак имаше среќен крај.
Таа и нејзиниот сопруг добија здраво женско дете на кое му го дадоа името Вања, а Сања породувањето го помина одлично.
Фејсбук/ Сања Малетиќ
Заради долготрајната борба да се оствари како мајка, Сања за време на бременоста не сакала премногу да зборува за тоа, а од овие причини таа и се повлекла од јавноста во последната година дена.
Претходно Сања неколку пати во јавноста зборуваше за бременоста, вонтелесното оплодување и борбата за потомство.
Фејсбук/ Сања Малетиќ
Таа со години се обидуваше да остане во блажена состојба со својот сопруг, а во една пригода го изјави следново:
„Се додека дишам, се додека постои било каква шанса од Бог и природа, јас сум тука и не се откажувам“.
Фејсбук/ Сања Малетиќ
„Не можам да посвојам дете, веќе долго, јас сум 73 годиште, луѓето на мои години не можат да посвојат деца. Имаш своја битка, има тука и доста неуспеси, јас да успева, јас тоа до сега би го објавила на сите ѕвона“.
Фејсбук/ Сања Малетиќ
„Кога човек е јавна личност, нема време да жали ни себе ни ситуацијата таква каква што е. Човек нема време да се исплаче и закрепне кога ќе дојде дома од болница туку мора веднаш да оди понатаму и да завршува и други работи, други обврски“, ја раскажа својата тешка приказна во една пригода познатата пејачка за „Гранд.онлајн“.
Принтскрин/ Гранд.онлајн
Инаку, името Вања носи потекло од рускиот јазик и има значење „онаа што е испратена од Господ“, „жена која е божја сила и милост“, „како и онаа што ја почитуваат и сакаат“.