Пејачката која ги освои срцата на многумина, според српските медиуми, би требало да стане дел од екипата на Задруга 3
Имено, Габриела Пејчев доби покана од главните луѓе во телевизија Пинк, а најпрво не сакала да ја прифати понудата. Но како што пренесуваат медиумите, пејачката и покрај тоа што немала план да влезе во ова ријалити шоу, и на сите начини се обидувала да ги избегне јавувањата од страна на продукцијата, на крајот сепак се сложила.
Не и помогна ни тоа што ги молеше продуцентите да ја поштедат овој пат, изјави неименуван извор кој е близок до пејачката и додаде дека одлуката била веќе донесена, па на Габриела не и остана ништо друго освен да се согласи, пишува порталот „Србија денес“.
Според продукцијата на Пинк, таа треба да се појави во третата сезона на Задруга, иако нејзе таа вест воопшто не ја израдува.